Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија можеби биле во интерес на Британија.
– Во времето на Студената војна имаше некои правила, но сега Британија и САД ја отфрлија коректноста и играат детски игри – рече Лавров.
Русија отфрла одговорност за нападот врз поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Салсбери.
Кремљ, исто така, ги предупреди Русите да размислат двапати при патување во Британија каде што се соочуваат со „дискриминација“ и „провокации“.
Откако Москва директно ги обвини МИ5 или МИ6 за труење на Скрипал и неговата ќерка, руската Амбасада во Лондон имплицира дека британските власти би можеле да преземат некакви акции за да предизвикаат проблеми за руските граѓани.
Според предупредувањето, учениците што доаѓаат да учат Англиски јазик, како и навивачите на ЦСКА кои оваа недела во рамки на Европа Купот играат со Арсенал, може да станат жртви на кампањата на владата на премиерката Тереза Меј која има за цел да ги оцрни Русија и Русите.