Kоефициентите за платите што се регулираат со колективниот договор во културата почнуваат да се применуваат од овој месец. Ова беше договорено на денешниот состанок помеѓу премиерот Оливер Спасовски, министерот за култура, Хусни Исмаили, заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски, и претставници од СКРМ.
Колективниот договор за културата беше склучен на 30 декември минатата година.
Со членот 130 беше утврдена одложена примена на клолективниот договор, но само во однос на одредбите од членовите 65 и 66, односно платите на вработените во областа на културата.
Со ова, платите во културата за јули ќе се пресметуваат согласно коефициентите утврдени во колективниот договор.