Грција од утре во 6 часот наутро ги затвора границите за српските државјани.
Српските туристи кои веќе се наоѓаат Грција, која важи за популарна дестинација за одмор за Србите, ќе можат да ја напуштат земјата.
Претходно се појави вест дека грчкото Министерство за надворешни работи може да донесе одлука за затворање на границите за Србите, а во меѓувреме решението е и официјално донесено.
Ова веројатно ќе значи поголем прилив на српски туристи во Хрватска, бидејќи границите на Црна Гора со Србија се и натаму затворени.
Србија изминатава недела бележи голем пораст на заразени од коронавирус, а пред два дена беше најтешкиот ден од почетокот на епидемијата во земјата затоа што беа регистрирани дури 11 смртни случаи.