Филмскиот магнат Харви Вајнстин, во последно време познат по низата обвиненија за сексуално малтретирање, ќе им плати на своите жртви близу 19 милиони долари, пренесе Си-ен-ен.
– Харви Вајнстин и неговата компанија „Вајнстин“, по вознемирувањата, заканите и дискриминацијата, конечно ќе им обезбедат на своите жртви малку правда – изјави адвокатката Летиција Џејмс.
Фондот за компензација ќе им исплати вкупно 18.875.000 долари на жените што се соочиле со непријателски деловни средини, сексуално вознемирување или дискриминација додека работеле за филмската компанија на продуцентот. Исто така, на жртвите ќе им биде дозволено да зборуваат јавно за нивните искуства и за траумите со кои се соочиле, без страв од натамошно прогонување, се наведува во спогодбата.
Сепак, адвокатката на неколку жртви, споменатиот надомест го нарече целосна продажба на трауматизираните жени затоа што, според тој договор, филмскиот магнат не прифаќа одговорност за неговите злосторства. Намирувањето, односно идните плаќања, мора да биде потврдено уште од два суда.
За потсетување, жртвите на филмскиот магнат, како што се тврдеше, биле присилувани на несакани сексуални контакти во замена за останување на работното место.
Вајнстин моментно издржува 23-годишна затворска казна во Алден, Њујорк.