На подрачјето на ОВР-Кичево моментално во изолација се наоѓаат 81 лице, а кај 76 од нив полициските службеници извршиле контрола и не регистрирале никакви неправилности. Во исто време во општина Кичево се регистрирани и 67 лица во самоизолација, а кај 14 од нив полициските службеници извршиле контрола. Воедно полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола и врз 30 угостителски и други објекти, најмногу од сите градови од овој дел од земјава, информира Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид.
Во текот на изминатото деноноќие полициските службеници констатирале и 16 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, на овие граѓани им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест ковид-19, додава портпаролот Димоски. З.А.