Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија на 790 лицa им се издадени решенија за изолација, а 214 лицa потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ги почитувале мерката за изолација и самоизолација. Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 1071 прекршок.