Луѓето кои се позитивни на коронавирус се најзаразни во моментот кога првпат ќе почнат да се чувствуваат лошо, покажуваат студиите на експертите од Светската здравстевна организација.
Токму поради тоа што луѓето се најзаразни пред првите симптоми, тешко е да се контролира вирусот, но е можно да се спречи негово ширење преку ригорозни тестирања и физичка дистанца, објаснуваат експертите.
– Со многу ограниќени информации кои сега ги имаме, се чини дека луѓето имаат најголем количина на вирус во телото пред избивање на симптомите или кога почнуваат да ги развиваат – рекла Марија ван Керков, епидемиолог во СЗО.
Прелиминарните студии спроведени во Германија и САД покажуваат дека луѓето со благи симптоми можат да бидат заразни осум до девет дена, а оние со потешки симптоми и многу подолго, додала таа.
Некои експерти ја доведоа во прашање нејзината изјава дека луѓето кои немаат симптоми на коронавирус многу ретко можат да заразат други, нагласувајќи дека таквите насоки би можеле да бидат проблематични. Таа, сепак, појаснила, дека некои луѓе не развиваат симптоми, но сепак можат да заразат други луѓе.