Жителите на Москва ѝ се вратија на рутината по укинувањето на карантинот, кој траеше повеќе од два месеца, иако Москва сè уште бележи повеќе од илјада нови случаи на ден.
Речиси 13 милиони жители на Москва сега може да користат јавен превоз, да патуваат со сопствено возило во градот без ограничувања и може да излезат од своите домови без ограничувања.
– Сега сме слободни. Можеме да шетаме сè додека носиме маска – рече пензионерот Павел, кој вежбаше наутро без маска.
– Ќе мораме да бидеме внимателни. Ќе бидеме внимателни – додаде тој.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, во понеделникот го објави олеснувањето на ограничувањата и рече дека пандемијата во градот се повлекува.
Тој тогаш рече дека преостанатите ограничувања ќе бидат укинати подоцна во јуни.
Критичарите на сегашната влада на Русија го обвинуваат Собјанин дека побрзал да ги укине мерките за да се овозможат воена парада на Црвениот плоштад подоцна овој месец и референдум на 1 јули, што треба да му овозможи на Путин да остане претседател до 2036 година.