Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и појава на грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 22 степени.
До средината на наредната седмица ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува постабилно и потопло време.