Приврзаници на опозициската партија „Вазраждане“ го блокираа сообраќајот на булеварот „Цар Ослободител“ пред зградата на националното собрание во Софија и се обидоа да влезат внатре. Тие бараат оставка од премиерот Бојко Борисов.
Луѓето се бесни на тоа што бугарската држава не им помогнала за време на вонредната состојба и ги осудила на банкрот, глад и беда.
Непосредно откако започна протестот, еден млад човек се обиде да влезе во парламентот. Неговиот обид беше спречен од униформирани службеници кои го уапсија по неколку предупредувања да се тргне од пред зградата.
Полицијата ги предупредува луѓето да се држат настрана затоа што собирите се забранети за време на епидемија. Но, толпата луѓе се туркаше и извикуваше „Оставка“, „Оставка“. На неколку пати се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, но беа спречени од органите на редот.
Лидерот на „Вазаждане“ Костадин Костадинов, кој истовремено е и организатор на протестот, објасни дека причината за протесотот е незадоволството од неуспехот на државата да се справи со последиците од коронавирусот и нанасената економска шетата на бугарскиот народ од наложените репресивни мерки. Тој е категоричен дека сегашната влада не може да продолжи без да го побара мислењето на народот.
– Мерките за надминување на коронавирусот се исти како низ целиот свет, но компензаторните мерки што се за поддршка на граѓаните и претприемачите немаат ништо заедничко со оние во другите земји. Владата не успеа во оваа политика и ние сме тука да го кажеме јасно и категорично – коментира Костадинов за бугарските медиуми.