Мотоцикл удрил во автомобил во близина на Католичката црква во Скопје, по што возачот се обидел да избега од местото на сообраќајката, но бил стигнат од полицијата на булеварот „Војвода Васил Чакаларов“, според информациите добиени од очевидци.
Сообраќајката која ги вознемири затекнатите минувачи се случила попладнево. Допрва се очекуваат официјални информации за настанот.