фото: Зоран Антоски

Општинската организација на Црвениот крст од Кичево во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, денес ја организираа втората крводарителска акција во касарната „Чеде Филопски Даме“ во Кичево.

При оваа крводарителска акција традиционално хуманите припадници на АРМ, уште еднаш ја покажаа својата дарежливост и во услови на вонредна состојба и во време кога се ангажирани на многу други задачи околу справување со коронавирусот.

При денешната акција припадниците на 4-ти Пешадиски батаљон подарија вкупно 50 крвни единици од сите крвни групи.

На крајот на крводарителската акција пристигна и благодарност од екипите на Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст, за она што го чинат припадниците на овој батаљон за лицата на кои им е неопходна најдрагоцената течност. Тие не го криеја задоволството од подарените количества крв на претставниците на армијата во актуелната состојба во земјава.

З.А.