Високи црковни достоинственици се на мислење дека МПЦ е во поповолна позиција од државата, која е ставена пред свршен чин да прифати име за севкупна употреба, ерга омнес. Во таа насока тие го издвојуваат историскиот факт дека името на МПЦ е нераскинливо поврзано со Охридската архиепископија, затоа што денешната МПЦ е основана како возобновител на самата ОА, нешто што било желба и сон на сите црковни дејци во историјата на Македонија. Нема поголема гаранција за интегралноста на националното ткиво, за идентитетот на македонскиот супстрат и за македонскиот народ , а ако сакате и држава, од печатот на автокефална Македонска црква! Затоа што сите доминантно православни држави имаат и своја матична национална црква!
Дали најбрзиот пат за македонската автокефалност води преку Нивици, местото каде што пред една недела министрите за надворешни работи на Грција и Македонија ставија потпис на договорот, кој има амбиции да ги затвори тридецениските конфронтации, недоразбирања со наметнатиот нерационален спор од страна на првата страна? Ова е клучната дилема за која црковната јавност во Македонија, но и во регионот, добивајќи сигнали генерирани и емитирани од Нивици, веќе отворено бара одговор. Дали дешифрирањето на таквите сигнали дава одговор на клучните прашања?
Имено, за некои вистинското прашање не е дали, туку кога договорот од Мала Преспа ќе се преточи во решение и за македонското црковно прашање.
Речиси никој нема дилеми дека тоа што вселенскиот патријарх пред помалку од еден месец се заложи за решавање на автокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија е тематски со заеднички именител, или е во директна корелација со спорот меѓу Македонија и Грција.
Но за скептиците или за луѓето што сѐ уште имаат голема недоверба останува отворено прашањето дали МПЦ-ОА беше внесена во целиот процес само за полесно да се стигне до договор меѓу двете држави.
Од тие причини легитимно е да се постави ова прашање и да се очекуваат конкретни чекори од вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој само за еден месец двапати отворено призна дека црковниот проблем во Македонија не е решен и православните верници не смеат да останат заложници на тоа што некој го смета или дефинира како раскол.
Договорот од Нивици меѓу Грција и втората страна за многумина е болно прашање. За некого, не е тоа. Кампањата кај нас, поврзана со депонираниот потпис на нашиот министер за надворешни работи, образложува дека тој ќе донесе европска иднина и просперитет во државата, со членство на нашата држава во НАТО и во Европската Унија. Имплицира ли тоа дека преку него, во пакет со искажаните намери на Вселенската патријаршија, ќе се стигне и до она што значи духовна автокефалија за православните верници, во Македонија?
Договорот од Нивици меѓу Грција и втората страна за многумина е болно прашање. За некого, не е тоа. Кампањата кај нас, поврзана со депонираниот потпис на нашиот министер за надворешни работи, образложува дека тој ќе донесе европска иднина и просперитет во државата, со членство на нашата држава во НАТО и во Европската Унија. Имплицира ли тоа дека преку него, во пакет со искажаните намери на Вселенската патријаршија, ќе се стигне и до она што значи духовна автокефалија за православните верници, во Македонија?
Ставот на многумина аналитичари е дека по постигнатиот политички договор, многу полесен би бил патот за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. Во тој контекст е и нивниот став дека на вселенскиот патријарх и на блокот грчки цркви им се остава голем простор за акција, да преземат решителен чекор и да се потпише томосот за автокефалност. Особено што, во истата таа насока, има сигнали и дека МПЦ се согласува тој томос да биде издаден под името Охридска архиепископија.
Договорот од Нивици не предвидува МПЦ да го менува своето име, зашто ниту е создадена институција од државата, ниту пак е финансирана од државата, нешто што според договорот е услов да може да се користи терминот „македонска“ во именувањето на институциите во Македонија.
Практично, тоа за нашата црква значи дека ако добиеме томос за автокефалност со името Охридска архиепископија, тој би бил официјален назив на нашата црква под кој би била заведена во диптихот на православните цркви. Со политички речник, името Охридска архиепископија би било „меѓународно име“ под кое би била признаена МПЦ, а името МПЦ-ОА би останало како име за внатрешна употреба што ќе ја дефинира црквата, како и сите други цркви во светот со националниот предзнак. Високи црковни достоинственици се на мислење дека МПЦ е во поповолна позиција од државата, која е ставена пред свршен чин да прифати име за севкупна употреба, ерга омнес.
Во таа насока тие го издвојуваат историскиот факт дека името на МПЦ е нераскинливо поврзано со Охридската архиепископија, затоа што денешната МПЦ е основана како возобновител на самата ОА, нешто што им било желба и сон на сите црковни дејци во историјата на Македонија. Тие никогаш не ја делеле црквата за која се залагале за создавање од Охридската архиепископија, туку, напротив, секогаш го користеле тој аргумент дека најправилно е да се создаде црква во Македонија, како возобновител на ОА, која била црква со сите канонски и апостолски преемства.
Нема поголема гаранција за интегралноста на националното ткиво, за идентитетот на македонскиот супстрат и за македонскиот народ , а ако сакате и држава, од печатот на автокефална Македонска црква! Затоа што сите доминантно православни држави имаат и своја матична национална црква!
Со тоа ќе биде зачувана и реалноста на МПЦ-ОА како темел и вековен чувар на македонскиот идентитет, јазик и традиција.
Доказ за тоа е што половина век од историската 1967 година, МПЦ е црква со развиено монаштво, цркви и манастири, кои јасно сведочат за нејзиниот континуитет, самостојност и посебност.