Во периодот од 7 часот на 19.04 до 7 часот 20.04.2020 година, вкупно 5 лица од Кичево ја прекршиле забраната за движење за време на спроведување на мерката за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на вирусот ковид-19.
Овие лица се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави во согласност со член 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Во исто време не се забележани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и други казнени дела и сообраќајни незгоди.
Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор, домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Во исто време, полициските службеници извршиле и 43 контроли врз угостителски објекти од кои дел и во Кичево и каде не биле регистрирани неправилности.