Вкупно 13 медицински работници од Клиничката болница во Битола заминуваат во домашна изолација и ќе бидат под здравстевен надзор. Ова е одлучено откако е утврдено дека сите тие имале контакт со пациент заразен со ковид-19.

– Пациентот не се мешаше со другите пациенти, не користеше тоалет бидејќи беше поставен катетер, не одеше во тоалет бидејќи е неподвижен и не излегуваше од собата. Кај пациентот се влегуваше согласно сите проетоколи за заштита. Медицинскиот пероснал кој е обезбеден со доволно заштитна опрема постапуваа согласно протоколите – рече директрката на Клиничка болница во Битола, Билјана Гагачовска.

Инаку на пациентот кој се лекувал во Психијатриската болница во Демир Хисар, му бил земен материјал за тестрање на 11 април, а доцна синоќа бил добиен резултатот дека е позитивен, по што е префрелн на Инфективно одделение во битолската болница.

Јавноста за овој случај дозна откако на својот фејсбук профил реагираше еден од лекарите на Интерното одделение, дека на резултатот од тестирањето на овој пациент се чекало вкупно 4 дена. Менаџментот на болницата ги испитува правните можности за поднесување на кривична пријава против вработените, кои со своите изјави во јавноста ширеа паника и дезинформации и ја повика полицијата и обвинтелството да го испитаат случајот.

Од болницата во Битола повикаа здравствениот и санитарен инспекторат да изврши инспекциски надзор, да се утврди дали во случајот се постапувало по протоколите.

М.М.