Македонскиот велемајстор Трајко Недев (2.485 рејтинг-поени, рангиран 11-ти), изби сам на врвот по 5. коло на осмиот меѓународен шаховски турнир „Карпош опен 2018“, откако вечерва како „бел“ го победи во 65. потег истакнатиот бугарски ВМ и трикратен победник на овој турнир (2012, 2014, 2016), Кирил Георгиев (2.596, рангиран трет).

Веднаш зад него со половина поен помалку се ИМ од Бугаријам Радослав Димитров, ИМ од Хрватска, Леон Ливаиќ и ИМ од Туркменистан Мелис Анабердиев. Од македонските шахисти победи за напредок кон врвот, забележаа ВМ Драгољуб Јаќимовиќ и ИМ Никола Николовски, додека ИМ Филип Панчевски по вторпат во низа доживеа неочекуван пораз.

Во конкуренција на 165 шахисти од 17 држави, од кои 14 се велемајстори (ВМ), победникот ќе биде познат по 9. ко­ло. На­град­ни­от фонд из­не­су­ва 10.200 евра, по­де­лен на 14 де­ла, од кои најдобриот ќе биде побогат за 2.000 евра.

Г.И.

ПОЗНАЧАЈНИ РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО
ИМ Димитров (Бугарија, 2.493) – ИМ Ливаиќ (Хрватска, 2.468) реми, ВМ Недев (Македонија, 2.485) – ВМ Георгиев (Бугарија, 2.596) 1-0, ИМ Арсовиќ (Србија, 2.432) – ВМ Перуновиќ (Србија, 2,597) реми, ИМ Анабердиев (2.489) – ИМ И. Шаренац (Србија, 2.403) 1-0, ВМ Ковачевиќ (Србија, 2.448) – ИМ Радовановиќ (Србија, 2.402) реми, ИМ Кришна – (Индија, 2.371) – ИМ Абдумалик (Казахстан, 2.449) реми, ВМ Жајиќ (Србија, 2,507) – ФМ Фенил (Индија, 2.346) 1-0, Луфт (Германија, 2.317) – ИМ Панчевски (Македонија, 2.496) 1-0, ЖВМ Нахбајева (Казахстан, 2.314) – ВМ Благојевиќ (Црна Гора, 2.492) 0-1, Баум (Полска 2.121, ) – ВМ Јаќимовиќ (Македонија, 2.391) 0-1, Темелис (Грција, 1.890) – ФМ Николовски (Македонија, 2.391) 0-1 итн.

ТАБЕЛА ПО 5. КОЛО
ВМ Недев 5 поени, ИМ Димитров 4,5, ИМ Ливаиќ 4,5, ИМ Анабердиев 4,5, ВМ Перуновиќ 4, ВМ Абрамовиќ 4, ВМ Арсовиќ 4, ИМ Радовановиќ 4, ВМ Блгојевиќ 4, Луфт 4, ВМ Јаќимовиќ 4, ИМ Абдумалик 4, ИМ Николовски 4 итн.