Седумгодишното дете што починало на Клиниката за детски болести немало коронавирус, информираат од Министерството за здравство.
На седумгодишното машко дете земени му се два бриса за тестирање за коронавирус. Еден брис кога било хоспитализирано детето, а вториот брис кога починало. Двата теста биле негативни на ковид-19.
– Детето немало пневмонија, ниту симптоми за коронавирус – велат од министерството.
Во однос на вработениот во лабораторијата на Клиниката за детски болести кој е заболен од ковид-19, земена му е епидемиолошка анкета, како и од дел од колегите со кои бил во непосреден контакт. Утре ќе се земат и втор дел од анкетите. Тие најверојатно ќе упатат од каде се заразил лаборантот.