Кривичниот суд во Скопје инсистира да продолжи судењето за случајот Релет“ со оглед на тоа дека станува збор за притворски предмет. Од судот информираат дека се преземаат сите мерки согласно препораките на Светската здравствена организација и Владатаза заштита од ширење на вирусот ковид-19. Судницата редовно се дезинфицира, има доволно простор и одалеченост меѓу странките и задолжително се носат медицински маски и стерилни ракавици. За ова била известена и одбраната на обвинетите во случајот која денеска достави барање за одлагање на идните закажаните расправи. Во барањето се наведува дека бранителот Ирена Фрчковска ја користи мерката на Владата на со која еден родител на дете помало од десет години се ослободува од работни обврски заради чување на деца, бранителот Дељо Кадиев има здравствени проблеми, додека обвинетата Катица Јанева има хронични болести.
– Имајќи во предвид дека се работи за притворски предмет, а согласно одлуката на Судскиот совет и Министерството за правда за судење на сите итни и недоложни расправи, ваквите барања на одбраната судот ги разбира единствено како начин за одолговлекување на постапката. Судот ја задолжи одбраната да се однесува одговорно спрема судот и доследно да ги почитува правата на обвинетите во постапката и денешната расправа ја одложи за веќе закажаниот термин 26-ти март до кога бранителот Ирена Фрчковска е должна да ги организира семејните обврски како би можела да присуствува на судењето. Доколку адвокатите и понатаму се спречени да присуствуваат на идните расправи да обезедат свои заменски бранители, бидејќи во спротивно судот на обвинетата ќе и назначи бранител по службена должност – соопшти Основен кривичен суд Скопје.