Владата во Чешка им нареди на граѓаните да носат маски или на друг начин да ги покриваат устата и носот на јавни места.
Мерката стапува на сила од полноќ.
Премиерот Андреј Бабиш кажа дека е донесена одлука помеѓу 10 часот наутро и 12 часот напладне до продавниците за храна и аптеките да им се дозволи пристап само за граѓани постари од 65 години.
Во Чешката има 464 случаи на заразени со новиот коронавирус, а границите со соседните земји се затворени.