Доцна синоќа во хотелот „Александар палас“ во Скопје се одржа 24 конгрес на СДСМ на кој беа утврдени кандидатските листи за пратеници за претстојните парламентарини избори што ке се одржат на 12 април годинава.
На Конгресот за изборната единица бр.2 во која што се наоѓа и градот Куманово од редовите на општинската организација на СДСМ од Куманово за носител на листата е предложен актуелниот технички премиер, Оливер Спасовски како и кандидатите: Мартин Костовски под реден број 5, актуелната пратеничка Лидија Тасевска под реден
број 12 и Драгана Коцевска под реден број 16 со што и автоматски е запазена родовата припадност помеѓу мажите и жените што всушност беше и една од главните заложби на раководството на општинската организација на СДСМ од Куманово.
Т.Д.