Брод со над 150 туристи и членови на екипажот е ставен во карантин во Египет, а 12 патници се позитивни по тестот за коронавирус.
Бродот бил ставен во карантин, откако било откриено дека патник со тајванско-американско потекло бил тестиран позитивно откако се вратил во Тајван, а Светската здравствена организација последователно ги известила египетските власти кои ги тестирале сите присутни на бродот, пренесува АП.
Меѓу заразените има неколку Египќани, како и членови на екипажот кои биле заразени иако не покажале знаци на заболување.
Инфицираните ќе бидат изолирани во болница во северен Египет, додека патниците, вклучувајќи Французи, Американци и други националности, ќе останат во карантин и ќе ги чекаат резултатите од другите тестови.