Климатската активистка, Грета Тунберг, денеска ги обвини владите и институциите на ЕУ дека само се преправаат оти се справуваат со климатската криза како итно и неодложно прашање, пренесува „Ројтерс“.
– Кога вашата куќа гори, не чекате уште неколку години за да започнете да го гаснете пожарот. А тоа е она што Комисијата го предлага – рече Тунберг во Комитетот за заштита на животната средина на Европскиот парламент.
Шведскaта активистка смета дека формулацијата на климатските закони околу прифатливите емисии во текот на следните три децении, ја игнорира реалноста.
– Еве, вие повторно се обидувате да создадете закони и политики со кои ќе го игнорирате проблемот. Преправајќи се дека вашиот план или политика со непочитување научната мисла некако ќе ја реши најголемата криза со која се соочува човештвото. Се преправате дека сте лидери во однос на мерките за климата, а и натаму продолжувате да градите и субвенционирате нова инфраструктура за фосилно гориво – нагласи Тунберг, добивајќи аплауз од европратениците.
Според неа, неприфатливо е се она што е поинакво од научно заснована патека која дава најдобра можна шанса да ги заштитиме идните услови за живот на човештвото и животот на Земјата каков што го знаеме.