Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал следејќи ги написите во медиумите за падната фасада на зградата на АД МЕПСО, денеска отвори предмет.
Како што информираат од Обвинителството, предметот е распределен кај надлежен јавен обвинител кој издал наредба до МВР за обезбедување и вештачење на севкупната документација за проектот насловен „Реконструкција и адаптација на зградата“.
Обвинителството ќе испитува дали квалитетот на градбата соодветствува со барањата содржани во јавната набавка, како и за текот на надзорот при спроведување на изведбата.
По добивањето и анализата на вештачењето, ќе биде донесена одлука за понатамошниот тек на постапката.
Со цел подобрување на енергетската ефикасност, на овој проект се потрошени околу 11 милиони евра буџетски средства, додаваат од Обвинителството.