Во водите на Венецуела на бродот „Ареса“ запленет е тон кокаин и уапсени се црногорски државјани, соопшти денеска црногорската полиција.
Како што истакнуваат од таму, станува збор за повеќемесечна меѓународна акција иницирана од црногорската, во соработка со холандската, британската и српската полиција.
Црногорски портали објавија фотографии од бродот, а се пренесува и објавата на полицијата на Твитер, според која запленет е тон кокаин.