Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Т.Н.Т“ на Специјалното јавно обвинителство за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.
Минатото рочиште беше одложено поради неприсуство на обвинетата Марика Зафировска. Нејзиниот адвокат, Дончо Наков рече дека Зафировска била нападната на 1 мај во викендичка во Катланово и дека се уште закрепнува од повредите. Отсуството го оправда со болничко лекување.
Меѓу обвинетите за уривањето на „Космос“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.
Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.