Мафијата на Западен Балкан е единствен сектор кој е интегриран во целост, изјави косовскиот премиер, Албин Курти, за време на Конференцијата за безбедност во Минхен.
Курти за време на учеството на панелот „Изградба на општествена стабилност во европското соседство“, а на кого ова му е прво учество на некој меѓународен собир по изборите за премиер на Косово, истакна дека на Западен Балкан му е потребно најпознати лица да бидат обвинители.
– Мафијата е единствениот сектор целосно интегриран на Балканот. Тоа што ни треба е обвинителите да бидат најпознати лица, а не премиери или министри за надворешни работи – нагласил Курти.
Курти на пат кон Минхен направи преседан, на аеродромот во Приштина не влезе во ВИП-секторот, туку стоеше во ред за пасошка контрола и помина како и сите други патници.