Турција ќе ги нападне сириските владини сили на кое било место во северна Сирија, ако уште еден турски војник биде повреден, можеби дури и од воздух, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган рече во Анкара дека Турција е решена да ги потисне силите на сириската влада зад турските набљудувачници во северозападната провинција Идлиб до крајот на февруари.
– Ова ќе го сториме на кој било начин, од воздух или од земја – рече турскиот претседател.