Прометот во индустријата во јануари годинава во однос на јануари лани бележи зголемување од 21,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи пораст кај интермедијарните производи, освен енергија за 41,1 отсто, капитални производи за 13,4 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 14,4 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 19,9 отсто.
Прометот во индустријата, во јануари 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи зголемување за 0,3 проценти.
Објавените податоци покажуваат дека прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи раст од 27 проценти.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи пораст кај интермедијарните производи, освен енергија за 58,6 отсто, капитални производи за 135,9 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 7,3 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,3 отсто.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2018 година, во однос на декември 2017 бележи намалување од 31,8 проценти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи зголемување од 20,1 отсто. Е.Р.