Неговото императорско држење и отстуство на емотивна интелигенција го прават ранлив
На изминувањето на половина од претседателскиот мандат на Емануел Макрон француските елити веќе запаѓаат во очај околу следните избори. Знаците, според нив, се далеку од охрабрувачки. Додека елегантно танцува на светската сцена, тој не е пречекан со аплауз дома. Макрон би можел да загуби во 2022 година. Опасно е што екстремната десничарка Марин ле Пен би можела да победи. Тоа би бил политички земјотрес, а потресот би се почувствувал далеку надвор од границите на Франција, пишува пишува Филип Стивенс во неговата колумна за „Фајненшл тајмс“.
Расположението на претседателот се чини особено лошо. Протестите на „жолтите елеци“, кои првенствено почнаа поради занемарувањето на малите провинциски градови, стивнаа. Но, и покрај тоа, незадоволството останува. Штрајкот против плановите за модернизација на скапиот пензиски систем е пред влез во третиот месец. До неодамна, Париз беше во ќор-сокак поради штрајковите на железничкиот и метро системот. Учителите, медицинските сестри и адвокатите им се придружија на протестите. Блокадите на печките за палење отпад ги исполнија улиците со купишта ѓубре.
Макрон веројатно може да ја надмине оваа ситуација. Бројките се намалуваат. А отстапките на владата деактивираа дел од опозицијата и од демонстрантите. Но ако Макрон победи, по која цена ќе се случи тоа? Штрајковите го запреа напредокот кој ја намали невработеноста за првпат по повеќе од една деценија. Поддршката за претседателот опадна до околу 30 отсто.
Многумина од критичарите на Макрон повеќе се фокусираат на стилот отколку на суштината. Реформите за невработеноста, даноците, образованието, како и за пензиите кои Макрон неодамна ги вметна во неговата политичка мисија, беа дел и од напорите на претходните влади. Но она што предизвика загриженост е неговото императорско држење и отсуство на емотивна интелигенција, како и чувството дека не е запознаен со сегашната ситуација во Франција.
Но, веројатно е прерано за очај кога станува збор за шансите за реизбор на Макрон. Тие што ја предвидуваат неговата пропаст згрешија и во 2017 година, во врска со неговиот капацитет за уривање на стариот систем. Претседателот ќе се обиде да ја привлече традиционалната десница како и значителен дел од старата левица. Но, тоа не е очај. Макрон беше во право за неговите планови за Франција, но не и за начинот на кој ги спроведува.