Фото: Маја Јаневска-Илиева

Стартуваше мултимедијалниот проект „Ново име“, кој ќе им овозможи шанса на младите таленти од нашата земја, на возраст од 16 до 30 години, да го остварат својот сон и своите амбиции од областа на науката, културата, уметноста и спортот.

– „Ново име“, кое во целост е подржано од компанијата „ХТЛ Македонија ДООЕЛ“, а која на територијата на Македонија работи под закрила на меѓународниот лидер во индустријата на игрите, групацијата „Новоматик“, е програма за поддршка која ќе им даде ветер во грб на младите и талентирани луѓе. Секој месец, еден талент избран по пат на интернет гласање ќе биде награден со парична награда од 2.500 евра. Пријавуавњето е од први до 15-ти секој месец. Веќе се гласа за пријавените таленти за јануари, а секој што мисли дека има шанса може да се пријави на платформата, каде се наведени сите неопходни податоци за учество – рече Марија Саздовска, претставник на „Новоматик“, на денешната прес-конференција.

Според Саздовска компанијата се одлучила да ги поддржи талентите од нашата земја, со цел да им помогнат на младите да ги унапредат своите таленти и вештини и за тоа да бидат охрабрени и нагардени.
– За секое избрано ново име обезбедивме можност да го оствари својот сон. На пример младите научници да го релизираат својот патент, литератите да објават збирка поезија или проза, танчерите да отпатуваат на некое танц-натпераврување во светот, ликовните таленти да организираат изложба…Можностите се големи, ние сме тука да ги поддржиме и промовираме сите кои заслужуваат внимание. Од месец во месец преку платформата ќе се гласа со цел да се промовирата млади луѓе кои ќе им бидат пример на сите млади во Македонија – вели Саздовска.

На прес конференцијата беше претставена самата онлајн платформа и начинот на избор на талентите. Според организатрите, гласањето е заштитено и ќе може да се гласа само еднаш за еден кандидат од еден профил на социјалната мрежа Фејсбук и тоа само од Македонија.

– Се надеваме на поддршката од медиумите, кои ќе ги претстават нашите таленти и ќе им дадат простор да ги раскажат своите автентични приказни, а на крајот на годината повторно ќе направиме дружбата со сите победници – дополни Саздовска.

М.Т.