Најмалку седум лица загинале, меѓу кои и три деца, додека десетици беа повредени во експлозија на граната на свадба во главниот град на Судан, Картум, соопштија официјални извори.
Министерството за здравство на Судан соопшти дека имало расправија помеѓу две лица на свадба, по што едното лице што учествувале во расправијата фрлило граната што експлодирала.
Американската агенција соопшти дека ваквите инциденти се ретки во Картум, но дека во текот на последните две недели полицијата открила најмалку три лица убиени под нејасни околности во различни делови на градот.