На секое семејство на жртвите во авионската несреќа во Техеран, Украина ќе му исплати по 200.000 гривни или околу 8.500 долари, изјави украинскиот премиер, Олексеј Гончарук.
Тој рече дека украинската авиокомпанија ќе исплати отштета на семејствата на членовите на екипажот, кои загинаа во несреќата на нејзиниот „Боинг 737-800“.
Британските меидуми пренесуваат дека портпаролот на авио-компанијата не бил достапен за коментар на изјавата на украинскиот премиер.
Гончарук додаде и дека украинските дипломати работат на добивањето отштета за жртвите на несреќата од иранските власти.
Техеран вчера призна дека иранската војска по грешка го соборила украинскиот авион, веднаш по полетувањето од техеранскиот аеродром, усмртувајќи ги сите 176 патници и членови на екипажот.