Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а од пладне ќе се зголемува облачноста и ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи особено на северот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Минималната температура ќе се движи од 10 до 16, а максималната 26 до 33 степени.
Во Скопје исто така претпладне ќе биде сончево и топло, а од пладне со зголемена облачност и со појава на локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 14 до 30 степени.