На последната седница во оваа календарска година, Советот на општина Кичево го изгласа буџетот за 2020 година, кој изнесува 894.109.000 денари. Според извештајот што го поднесе раководителот на одделот за финансирање и буџет, во наредната 2020 година се очекува дефицит од 6.500.000 денари или расходите да изнесуваат вкупно 887.609.000 денари.

-На денешната последна седница во оваа календарска година беше изгласан буџетот за 2020 година, чиј износ е 894.109.000 денари. Според извештајот најголем дел од приходите ќе бидат остварени од дотации или 458.795.000 денари, потоа следат даночните приходи чиј износ е 177.260.000 и приходи од грантови во износ од 137.258.000. Останатите ставки на приходната страна ги сочинуваат приходите остварени од донации,неданочни приходи и капитални приходи. Буџетот за следната година ќе биде поголем за еден милион евра споредено со годинава. За наредната година планиран е дефицит од 6.500.000 денари или вкупните расходи планирани за 2020 да изнесуваат 887.609.000 денари. Инаку во тековнава календарска година има исполнување на буџетот од околу 90 проценти –вели Бурим Кадриу, одговорен за финансирање и буџет во Општина Кичево.

З.А.