Македонскиот поет Ристо Лазаров е добитник на две награди што го носат името на Петар Кочиќ, „Кочиќевото перо“ за зимата 2019-та што се доделува за високи достигнувања во современата книжевност и приврзаност кон убавината на Кочиќевата мисла и збор – за книгата ,,Цедена“ објавена (во превод) од задужбината „Петар Кочиќ“, како и на престижната награда „Кочиќева книга“, за целокупно книжевно творештво. Оваа одлука ја донесе писателското жири во состав: Никола Вуколиќ (претседател), Миљенко Јерговиќ и Младен Весковиќ.
Денес Ристо Лазаров претставува едно од најзначајните имиња на нашиот книжевен простор.