Фото: ЕПА

Низ цела Франција, средношколците, придружувани од многу возрасни – родители, избрани функционери, синдикални активисти и обични граѓани, со цел да ги заштитат од „полициското брутално насилство“- маршираа за да го искажат својот глас, најчесто во мирна атмосфера.

Тони Гламчевски, постојан дописник на „Нова Македонија“ од Франција

Како по обичај, кога има демонстрации на улиците бројките се многу различни на организаторите со тие на полицијата. На „третиот чин“ имаше многу средношколци. Министерството за внатрешни работи изброи околу 266.000 демонстранти во Франција, вклучувајќи 56.000 во Париз. Организаторите на средните училишта и универзитетите, од своја страна, изброија 450.000 луѓе во маршевите, од кои 100.000 во Париз.

Во повеќе градови ширум Франција средношколци кои претходно се собираа само во границите на своите училишта се придружија на маршевите во голем број. Многумина демонстрираа за прв пат, во претежно мирна атмосфера, иако на крајот од демонстрациите во Париз избувнаа судири, а денот резултираше со 488 апсења, според Министерството за внатрешни работи, минатата недела беа уапсени над 5000 лица, многу повеќе отколку за протестите на жолтите елеци.

Како што беше случај од почетокот на движењето и низ цела Франција, истите барања постојано се повторуваат, неуморно. „Се бориме против недостатокот на наставници, преполните училници и несоодветните распореди. И против недостатокот на ресурси. И нехигиенските услови, со дупки во ѕидовите и протекување на вода во училниците. Во средината на топлотен бран, повеќе не можеме да работиме во прегреани училници.“ „ 36 ученици во училница, на топлина од 40°C“, зборуваат младите. „Паркурсуп (платформата која ги распоредува со алгоритми запишувањето на факултетите) исто така треба да се реформира“, се слуша насекаде. Некои признаваат: не сите ги доживуваат овие деградирани средини и услови за учење. Но, тие ја делат истата цел за правичен национален образовен систем. Накратко младите кои се на прагот на нивниот професионален избор и живот се загрижени за нивната иднина.

На различните маршеви, како и на утринските блокади, студентите им се придружија на средношколците. Приближно 40% од Јавните високообразовни институции доживеаја прекини во наставата во вторникот, според Министерството за високо образование.

Движењето доби поширок карактер на овој ден, кој собра многу возрасни покрај тинејџерите, вклучувајќи родители, избрани функционери, синдикални активисти и обични граѓани кои дојдоа да ја покажат својата поддршка. Неколку синдикати од јавниот сектор, особено синдикатите на наставниците, исто така ги повикаа своите членови да се приклучат на движењето на средношколците и да демонстрираат во вторник.

Светот е импресиониран сум од мобилизацијата на младите кои ги бранат јавните услуги додека возрасните се откажуваат. Тие не се помирија со ова. Имајќи дома млади возрасни, знам дека сите се загрижени за нивната иднина и не ја поднесуваат неправдата.

На повеќе места, како во Париз, избраните функционери (најчесто од левицата) и родителите формираат човечки синџир свртен кон полицијата за да ги заштитат демонстрациите на средношколците. Ова откако на маршевите, првичните барања на средношколците во врска со нивните услови за учење беа придружени од друга форма на негодување. Ова произлегува од полицискиот одговор кон студентите за време на блокадите од крајот на септември, а сега се рефлектира на плакатите изложени на блокадите и демонстрациите.

Во вторник, некои демонстранти мавтаа со слогани како „Ресурси, а не сакатења“, откако на 15-годишно момче му беше откината раката од граната во понеделник во Ленс (Па-де-Кале); или дури „Око за око, заб за заб“, осврнувајќи се на 16-годишното момче кое остана ослепено на едното око во Тур, чии повреди се „конзистентни со истрел од LBD [помалку смртоносен фрлач на топка за одбрана]“, според јавната обвинителка на Тур,; како и на 14-годишниот Еден, погоден во лицето во Сен-Уен-л’Омон (Вал-д’Оаз) од граната со солзавец испукана од непосредна близина од полицаец обвинет во вторник за „насилство од страна на лице на позиција на јавна власт што резултира со осакатување или траен инвалидитет“. Во Париз, маршот честопати продолжуваше со звукот на „ACAB“, акроним што значи „Сите полицајци се копилиња“ или „Целиот свет ја мрази полицијата.“

На повеќе места ученици од трета година средно, држат знак: „Доволно стари за да бидат труени со солзавец, но не и доволно возрасни за протест.“ Многу се потресени и раскажуваат за полициската интервенција пред нивните училиште на почетокот на октомври. „Блокадата беше мирна. (…) Специјалците пристигна брзо, трчаа и фрлија солзавец врз сите. Нè бркаа како да уживаат“,„Сега, штом ќе видиме полицајци, сме претпазливи. Особено полицијата за спречување на немири. Не треба да се плашиме од полицијата на 16 години!“ „

Овој гнев, кој ги проткајува сите говори на мобилизираните тинејџери, исто така поттикна многу возрасни да излезат на улиците во вторник. Некои дури зедоа и е слободен ден од работа во последен момент, во понеделник навечер, за да демонстрираат на местото на своите деца. откако дознаа дека едно дете изгубило рака во Ленс.

Според Министерството за национално образование, во вторникот 891 од 3.700 средни училишта ја видоа наставата „суспендирана, целосно или делумно, од сите причини заедно“. Во регионот Ил де Франс, каде што се запишани 20% од француските средношколци, 250 училишта беа затворени, или половина од нив, а 25 беа нарушени од дејствија што понекогаш беа насилни, според регионалните власти.

Сепак, овие затворања не го задушија движењето, кое го смени својот израз во неколку средни училишта кои претходно не беа вклучени и кои ја презедоа каузата во мобилизацијата. Ова беше случај во училиштата во центарот на Париз, вклучувајќи го и високо престижното приватно средно училиште Лисе Масијон, најпривилегираното во земјата, кое обично не се поврзува со студентски демонстрации, и чие учество сведочи за широката поддршка што ја ужива движењето меѓу средношколците.

Повеќе не е можно да се негира социјалната природа на оваа мобилизација, која сега се протега надвор од училниците на училиштата и универзитетите. Демонтсрациите од вторникот и тие најавени за денес четврток, сигурно дека се пресвртница во движењето. Кое владата на Макрон не виде како доаѓа. Единственото нешто што се очекува засега те владата да ги отвори ушите.

За време на периодот за поставување прашања во Националното собрание, премиерот Себастијан Лекорну повика на „политички одговор“ на движењето на средношколците, наведувајќи дека „незадоволството“ и „вознемиреноста“ изразени од учениците се „вистински“ и треба да се слушнат „со голема понизност“, а воедно да се „борат против политичката манипулација“. Иако промената во пристапот е значајна, по една недела фокусирана на безбедноста, шефот на владата не даде дополнителни најави. иако тој отвори врата за решенија во рамките на претстојните дискусии за буџетот.

Овој одговор не ги задоволи средношколските и студентските организации. Тие веќе повикаа на продолжување на движењето во четврток 8 октомври. „Ќе продолжиме со блокадата сè додека не се најдат 10 милијарди евра на маса“, предупредува Сузан Нијдам, претседателка на Федерацијата на општи студентски здруженија (ФАГЕ), водечката студентска организација. „Тоа е бројката што ја усвоивме за десетте итни мерки“, објавена на заедничка платформа за средношколци и студенти на 5 октомври. „Засега, немаме ниту една од десетте, па би било добро барем да почнеме да преземаме чекор и да можеме да разговараме за нив бидејќи вратата е целосно затворена“, додава студентката. Заедничкиот синдикат на образовниот персонал и средношколските организации, исто така, требаше да се состане во вторник вечерта за да разговара за „одговорите на владата“ и „следните чекори“.

Во вторник вечерта, претседателот Емануел Макрон одржа состанок со министрите за национално образование и високо образование и за внатрешни работи, при што претседателот „ ја повтори потребата од одржување на редот и интервенција во случаи на насилство, а исто така побара интервенциите да бидат пропорционални“. „Претседателот нè замоли да бидеме емпатични и да ја објасниме нашата доктрина, […] јасно да ги објасниме причините за полициска интервенција“, изјави министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез на РТЛ, кој „ја суспендира“ употребата на шок-бомби „само за демонстрации на средношколци“. Оваа муниција „може да биде причина“ поради која средношколец да ја изгуби раката во Ленс. Генералниот инспекторат на Националната полиција (IGPN), „полицијата на полицијата“, е задолжена со осумнаесет истраги во оваа фаза, објави Лоран Нуњез.