На сведокот Рамиз Али во судскиот процес за убиството на Пино Секондо му се слоши, по што судот даде 30-минутна пауза, а беше повикана екипа на брза помош, која дојде во судницата и го прегледа.
Откако медицинската екипа на сведокот му даде терапија за смирување, судијката Ленка Давиткова го продолжи судењето. Сведокот е на предлог на обвинителката Лидија Раичевиќ, која го застапува обвинението.
Сведокот продолжи да одговара на прашања на обвинителката за тоа што видел и засведочил критичната вечер со Али Фуркан, кој е првоосомничен во случајот.
Дваесет и двегодишната скопјанка Ангела Ѓорѓиевска е обвинета како соучесник во убиството на тогаш 26-годишниот Секондо, настан што се случи на 11 декември лани. По првоосомничениот полицијата сè уште трага.