Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски негира дека имал редовни контакти со обвинетиот Бојан Јовановски во случајот „Рекет“.
– Имавме два-три службени контакти што се однесуваа на пријави за упад во електронскиот систем во телевизијата и за тоа беа остварени средби со директорот на Бирото за јавна безбедност. Апсолутно не станува збор за било какви други контакти, ниту пак за разговор со него или со било кој друг вклучен во криминални активности – нагласи Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.
Претходно неделава, Ана Камчева во случајот „Рекет“ сведочеше дека Спасовски бил во контакт со Јовановски. Таа во судницата рече дека немала доверба во институциите, бидејќи Јованоски бил близок со многу луѓе, меѓу кои и со министерот за внатрешни работи.