Бојан Јовановски во предметот за случајот „Рекет“ му поставува прашања на сведокот Орце Камчев во судницата.
Јовановски го персира, додека Камчев му се обраќа на „ти“, а во текот на испрашувањето може да се слушнат и лични навреди.
Јовановски го праша Камчев што правел тој во неговиот дом меѓу 15 и 20 март, а Камчев рече дека бил таму зашто го викнале за одредена работа што тој ја одбил.
Бизнисменот потврди дека на средбата биле присутни и Зоран Милески – Кичеец и министерот за здравство, Венко Филипче.
Јовановски во прашањата алудира на тоа дека Камчев му наредувал на Кичеец да биде во постојан контакт со него и дека го држел во заблуда за заеднички бизниси.
Судијката постојано го опоменува Јовановски дека поставува наведувачки прашања.