Потрагата и спасувачката акција по преживеани по земјотресот што во вторникот ја погоди Албанија официјално е завршена. Се верува дека под урнатините нема повеќе луѓе.
Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала загинаа 50 луѓе, а околу 2.000 се повредени.
Тој соопшти дека според првичните проценки околу 900 згради во Драч и над 1.400 во Тирана се сериозно оштетени.