Треската за Црниот петок ги тресе сите трговски центри ширум светот секој ноември. Стампедо луѓе во потрага по попусти звучи доволно мрачно.
Во пресрет на утрешниот ден, ова се дел од трговските тајни поврзани со Црниот петок.
Познатата изрека „додека има залихи“ предизвикува психолошки притисок кај потрошувачите. Впечатокот дека е нешто ограничено и дека времето истекува, потсвесно создава паника. Продавачите често тоа го прават со непотребните предмети, кои секојдневно најмалку им се трошат, користејќи поволни понуди, кои најчесто се илузија.
Во обидот на „заплашување“ на потрошувачите многу помагаат и натписите и плакатите, кои најчесто се во дречливи бои и кои пропагираат пароли од типот на „сега или никогаш“.
Поголемиот дел од попустите трае цела недела, а не само на Црниот петок. За да ги избегнете гужвите и редовите, следете ги попустите од самиот почеток.
Џемперот од 1.500 денари, кој има 50 посто попуст, никогаш не чинел 3.000 денари. Вистината е дека вистинската цена му е 1.500 денари.
Не е реткост кога луѓето гледаат некој како граба сѐ пред себе, да влезат во вистинска војна со цел да да го победат немилосрдниот купувач, кој пробува да им го земе производот пред нос.
Така купувачите стануваат дел од битката што ја смислиле продавачите, борејќи се за своето парче „попуст“. И кога ќе ги победат сите „натпреварувачи“, купувачите си заминуваат дома со тон непотребни работи, кои несвесно ги купиле.