Полицијата ќе поднесе пријави против двајца рибари кои ловеле охридски крап во забранета зона.
Во 6:20 часот утрово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, на подрачјето од рекреативната зона „Мазија“ каде е забранет стопански риболов, во бесправен риболов на охридски крап со мрежа ги затекнале Т.Т.(53) и А.Ф.(50) од Охрид.
Тие се повикани на разговор во полициската станица и против нив ќе биде поднесена пријава според Законот за рибарство.