Сцена од филмот „Како да се биде нормална личност“

Во рамките на одбележувањето на јубилејот 25 години од воспоставувањето на билатерални односи со Шпанија, амбасадата на Шпанија во соработка со Министерството за култура и Кинотеката на Македонија организира „Недела на шпански филмови“.

Свеченото отворање на манифестацијата е планирано да се одржи на 21 ноември во Кинотека на Македонија со проекција на филмот „Како да се биде нормална личност“, во режија на Летисија Долера.

Во текот на неделата ќе бидат прикажани филмовите: „Кинеска приказна“, „Апостол“, „Дождот исто така“, „Црн леб“, „Мартин“, „Животот продолжува“. 

Сите филмови имаат превод на македонски и на англиски јазик, а влезот е бесплатен.