Нивото на водата во Венеција повторно расте, откако пред три дена беше забележано најголемо ниво на поплави во последните 50 години.
Се предвидува нивото на водата денеска да се искачи на 160 сантиметри, што е многу над нормалното ниво.
На Плоштадот Свети Марко водата сега достига до колената на минувачите.
Италијанската Влада прогласи вонредна состојба во Венеција откако нивото на водата се искачи на 187 сантиметри.
Поплавите во Венеција се предизвикани од обилните дождови, полната Месечина, високата плима и ветерот.
Градоначалникот Луиџи Бруњаро предупреди за сериозни штети.
– Ситуацијата е драматична. Ќе побараме од владата да ни помогне зашто цената ќе биде висока – напиша Бруњаро на Твитер.