Македонскиот кугларски репрезентативец Бојан Влакевски се пласираше во четврт-финалето на Светското поединечно првенство (СП), кое утре звршува во романскиот град Клуж. Тој во денешената осминафиналната средба убедливо со 4-0 во сетови, а 680-604 по бројот на соборени кегли, го елиминираше искусниот Унгарец, Кароли Козма. Влакевски за пласман во полуфиналето треба да игра против Германецот Мануел Ваис.
Претходно, Влакевски во квалификциите, со резултат од 660 соборени кегли заврши на одличното 5. место во конкуренција на 64 куглари, а во 16-финалето, кое потоа следеше, беше поуспешен од Германецот Матијас Динбергер со само една соборена кегла повеќе, 656-655!
Во Клуж боите на Македонија уште ги бранеа Тања Трпковска, Биљана Гаврилова, натурализираниот Македонец со словенечки пасош и поранешен светски првак Борис Бенедик и Димитар Димитровски.
Така во дисциплината тандем-микс, Гаврилова/Бенедик, беа елиминирани во осминафиналето од романската двојка Дука/Михалчиоу. Во дисциплината спринт-жени, Гаврилова загуби во 16-финалето од Унгарката Анита Мехеж, додека во машкиот спринт Бенедик беше поразен во осминафиналето од Унгарецот Жомбор Заплетан. Тања Трпковска со резултат од 551 соборенои кегли, женските квалификации ги заврши на 56. место од вкупно 64 кугларки. Г.И.