Григори Перелман, Теренс Тао и Ендрју Вајлс заедно не можат да ја решат француската теорема – зошто низ Франција навистина се протестира (?) – лоши услови во образованието, гнев на генерацијата зед што се роди откако крена нос од мобилни телефони и откри дека Земјата се врти околу Сонцето, а не светот околу неа, нагли поскапувања, да си оди Макрон, ама да не дојде Ле Пен, зашто Маркс е најдобра опција, високи трошоци, аздис на ционистите, поддршка за Палестина, воведување француски калифат како слободоумна прогресивна идеологија, застарена стока во продавниците и проѕирноста на излозите, кои нервираат, промовирање нови модни трендови и отфрлање на старите, кои упорно ги форсира Јованка Орлеанка, придвижување кон новите антиимперијално сексуални правци во филозофијата како епистемолошка деколонизација и субверзивна квир-темпоралност – глуп и неупатен идиот во модерниот политички fashion стил како мене, кој мисли дека Меланшон е апгрејд-варијанта на Бешамел, не може да разбере што точно, по ѓаволите, се случува таму, но и која му е омилена песна од Селин Дион на Емануел и дали Брижит е љубоморна на Канаѓанката?
За разлика од Французите, нашите револуционери од интелектуалната бижутерија и те како знаеја зошто протестираат, односно, вдахновени од слободарскиот дух на УСАИД-грантовите, Соросовите презервативи за заштита од национално преносливи болести и насмевката на Бејли – јасно укажаа дека нивната револуција сака да смени режим и откако зајаваа на неуставните категории СЈО и пржинска влада гласаа на избори и изгубија, па мораше шефот на ЦИА да слета во Тирана и преку платформа да ги донесе на власт по што конечно, навистина сменија – ама што? Па името на Македонија, идентитетот на македонскиот народ заради влез во Европската Унија до која не припарија – така ли е, драги мои, шути, ем рогати, шарени револуционери? И уште едно прашање, кое малку излегува од поентата – не ми е јасно зошто прогресивната авангарда секуларисти и вечни револуционери, оти, нели, нивната широка душа не трпи неправди – им се потсмева на христијаните додека за на причест го јадат телото Христово, а самите имаат – со факти потврдена практика, да ги јадат сопствените деца.
Којзнае, можеби затоа пиштат кога Мицкоски апелира да се размножуваат што автоматски значи дека ги насочува – оти они се револуционерите – еден ден да си ги изедат децата. Додуша Мицкоски панично ни се обраќа на сите нас бездетните – јас на пример од кукавички причини не створив поколение, себично плашејќи се дека децата ќе ми ги изедат егото и суетата – ама муабетот на премиерот само овие прогресивните, ептен лично го сфаќаат како, еве, утре да ќе тргне да ги оплодува и – што ако постаса кај сите (?) – не дај Боже, може да ги оплоди и оние мажи што се чувствуваат како жени, одземајќи им го притоа правото да абортираат – што некако веднаш му доаѓа како потреба за нова антирежимска субверзивно сексуална, темпорална револуција. Оттука, не е залудно јавувањето на заменик-претседателот на СДСМ, господинот Филипче Втори, кој се исчудува зошто граѓаните сè уште не фатиле брутално да протестираат, сеедно што нема доволно грантови за слободоумно излегување на улица со цел рушење на овој фашистички режим што парадира со возила на брза помош по улиците сакајќи да порача дека ќе ги хоспитализира сите на КАРИЛ и трауматологија ако само кренат глас против хунтата.
И не само тоа. Трамп потпиша договор за дизел со Путин и укина дел од санкциите за Русија, па уште побара избори во Украина и смена на Зеленски – да беше Бунтур шеф на ЦИА, Дончо Удбашот немаше вака да аздисува преку неговите мрачни врски со НКВД. Оттука, логички, ако Трамп е шајка со Путин, а Мицкоски е на бацка со Трамп, тогаш Путин и Мицкоски – ма јасно ви е на сите – што има тука да се објаснува? Понатаму – нордистанците сакаат во ЕУ, Брисел ни испорача француски предлог преку кој Бугарите треба да ни се напикаат во уста(в), ама Мицкоски одбива да го спроведе она што потомците на Квислинг од Нордистан го потпишаа, па така нè оддалечува од Унијата – иако тука има и доза езотерија, оти Бугарија е тројански коњ на Русија, Каја Калас мрази такви коњи, колку што Марта Кос љуби македонски полнети пиперки, а тоа значи само едно – Мицкоски не сака веднаш да ги внесе потомците на внукот на втората братучетка на другарката на дворскиот шут на царот Самуил – коските на тој внук веќе се во Софија – па така ни саботира евроинтеграција, ама планира да ги внесува со одложено дејство кога веќе ќе бидеме полноправна членка, имајќи на ум мрачен план – штом има бугарски поданици на руската кауза во два устава, тоа значи два тројански коња кои Кремљ ги внел отаде бедемите на Европската Унија.
Трета причина за кревање нова револуција, можеби најстрашната – режимот сака да сади дата-центри, онаму кајшто секој нордистанец, од утро до мрак, на социјалните мрежи, сади зелки, патлиџани и полнети пиперки, кои Кос ги обожава, што значи – Мицкоски планира на овој земјоделски народ да му ги сруши фармите, да му ги испие реките и да му ја одземе природната интелигенција распослана по мрежите, заменувајќи ја со вештачка, а како потврда е новиот ВИ-проект, не случајно наречен „Везилка“ по песната на Блаже Конески чии мрачни режимски стихови, „штом тие лево ќе фатат, јас десно да одам“, јасно укажуваат во кој ужасен правец тргнала државата.
И за крај на гротеската, оти фарсата се повторува како историја, заклучок каков што доликува. Сите овие што протестираат против Макрон, во вториот круг претседателски избори, заедно ќе гласаат за неговата Преродба (Габриел Атал) за да не победи Ле Пен. Ако сегашните најмоќни луѓе на ЕУ, сепак сфатат дека АфД и Ле Пен ќе победат, сигурно ќе влезат во катастрофична војна со Русија праќајќи го својот на народ како Украинците во кланица – самите ќе избегаат во Венецуела, на американска територија, а бидејќи нема да имаат пари да војуваат, ќе бараат од ционистите против кои сега врескаат – овие пак нема да имаат проблем да им дадат, бидејќи им одговара да падне Москва, сеедно што Израил практично е создаден од Русија – не од љубов, туку од интерес – за да се отарасат од своите Евреи – како што ја создадоа и Бугарија, оти им требаше играч на Балканот во битката за превласт со оние што ги создадоа Грција, Албанија и Србија – сите преку сакатење на македонската приказна. А што се однесува до сегашната власт – ако нема глобална војна – ќе дојде денот кога Нордистан ќе мора да стане дел од ЕУ и тогаш, стратешкиот партнер отаде барата, повторно ќе спроведе грантови, шарена револуција, смена на власт и целосно укинување на македонштината – симболичен доказ дека ние, а не Бугарите сме потомци на самоиловите слепци, а сменетите, додека им спроведуваат монтирани процеси, слободно можат да си проектираат дека Русија стои зад она што им се случува.
































