Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта. На места се очекуваат поројни врнежи проследени со грмежи, а во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 8 до 13 степени, додека максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, а попладне и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд. Во делови од Скопската Котлина дождот ќе биде пороен и проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 22 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре, во петок, во утринските часови ќе има повремен локален дожд, а во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Во сабота се очекува стабилизирање на времето. Сепак, од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, со повремени локални врнежи од дожд.

































