Македонскиот заменик-министер за правда, Ален Деребан, учествуваше на Глобалната тркалезна маса на ОЕЦД за еднаков пристап до правдата, што се одржува во Истанбул, каде што ги истакна реформските приоритети на државата за поефикасно, подостапно и подобро поврзано правосудство.
„Правдата мора да им служи на граѓаните, а не да биде лавиринт низ кој сами го бараат излезот“, посочи заменик-министерот во своето излагање.
Деребан посочи дека меѓу клучните приоритети се дигитализацијата на правосудниот систем, унапредувањето на институционалната координација и постигнувањето конкретни резултати што ќе значат подобри услуги и полесно остварување на правата за граѓаните.
































