Денеска со почеток во 10 часот во хотел „Мериот“, а во организација на Асоцијацијата на Чивнинг стипендисти во Македонија (МЦАА), ќе се одржи конференцијата на тема „Зазеленување на однесувањето кон животната средина во Западен Балкан”.

Во дискусиите ќе учествуваат 12 домашни и странски експерти кои дејствуваат во различни аспекти на заштитата на животната средина. Меѓу говорниците од целиот регион, како и Велика Британија и Мексико, за првпат кај нас ќе се обрати и претставник од Гринпис Бугарија, огранокот на престижната меѓународна организација кој го покрива регионот.

Како дел од овој настан, во 15:30 часот ќе се одржи и посебна информативна сесија за идните стипендисти, каде заинтересираните за аплицирање ќе можат да дознаат повеќе за можностите за аплицирање за Чивнинг стипендијата за магистерски студии.