Две девојки се повредени во Скопје, кога возило удрило во нив на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Возачот најпрво побегнал, а потоа сам се пријавил во полициска станица.
Како што информира МВР, вчера во 18.40 часот на булеварот Кочо Рацин, пред крстосницата со ул. Мирче Ацев во Скопје, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(48) од Скопје, удрило во пешаците А.З.(22) и С.Т.(21) од Скопје. А.П. со возилото го напуштил местото на несреќата, но подоцна сам се пријавил во полициска станица.
Во незгодата, С.Т. се здобила со тешки телесни повреди, а А.З. се здобила со телесни повреди и биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.